Опомени до фирмите и граѓаните за неплатена радиодифузна такса

Од:

Управата за јавни приходи почна со подготовка и дистрибуција на опомени до фирмите и граѓаните кои не извршиле навремено плаќање на радиодифузната такса.

Доставени се опомени до 31.660 фирми поради заостанати долгови и неплатена РДТ во вкупен износ од 37.302.307 денари.

Следната недела ќе почне и доставата на опомени за над 100.000 граѓани.

– Доколку фирмите и граѓаните не го платат долгот во рок од една недела од денот на приемот на опомената, УЈП ќе отпочне постапка за присилна наплата на долговите, при што трошоците за постапката паѓаат на товар на обврзникот, наведуваат од УЈП.

Со цел избегнување на трошоците и мерките за присилно наплатување на долговите, апелираат обврзниците во најкраток можен рок да извршат плаќање на заостанатите долгови.

Доколку обврзникот има извршени уплати кои не се евидентирани во УЈП или има други забелешки потребно е да се обрати до даночните канцеларии на Управата за јавни приходи и да поднесе доказ за извршените уплати.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци

Констатирани неправилности кај шест даночни обврзници во општина Виница