„Опел“ отвора фабрика за мотори во Унгарија

Од:

И покрај кризата која ги тресе сите европски производители, вклучувајќи го и „Опел“, Германците не се откажат од инвестирање. Неодамна, речиси неполни две години од почетокот на работите е отворена нова фабрика за мотори на „Опел“ во Унгарија во градот Сентготард.

Фабриката во која се инвестирани над 500 милиони евра, ќе произведува модерни и штедливи бензински и дизел мотори за сегашните и идните модели на „Опел“.

Прв од планираните нови бензински мотори е 1,6 литарскиот со директно вбризгување. Моторот ќе носи ознака SIDI (Spark Ignition Direct Injection), и ќе се произведува во неколку верзии со моќност до 200 КС.

Ги исполнува стандардите Euro 6 за издувните гасови, а премиерно ќе биде вградуван во новата “Астра седан”.

„Опел“, инаку до 2016 година планира да претстави 23 нови модели и 13 потполно нови бензински и дизел мотори.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on