Опел Инсигниа Кантри Туриер

Од:

Германскиот производител на автомобили „Опел“ го претстави моделот Инсигниа Кантри Туриер со погон на сите тркала. Караванската изведба на Инсигниа досега претставуваше практично возило, но Кантри верзијата ќе ги направи и излетите во природа вистинско ужување.

Инсигниа Кантри Туриер доаѓа со повисока шасија, погон на сите тркала и пластики на тркалата за заштита од гребнатини. Новиот караван од Опел ќе биде достапен со три мотори, од кои 2,0 литарскиот СИДИ бензински мотор со 250 коњски сили и 2,0 литарскиот ЦДТИ мотор со 195 или 163 коњски сили.

Инсигниа е поткрената за 2 сантиметри, што треба да го подобри возењето на нерамна подлога. Погонот на сите тркала е електричен со Халдекс спојка, а електричната контрола на диференцијалот треба да обезбеди подобро држење на патот.

Премиерата ќе биде на Саемот на автомобили во Франкфурт во септември годинава, кога ќе биде позната и цената.

Би можело да ве интересира

Пред пропаѓање и италијанската автомобилска индустрија

Приведени двајца штипјани кои запалиле автомобил и вршеле изнуда

Предраг Петровиќ

Годинава увезени повеќе автомобили, и нови и половни

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

Луксуз во време на криза: МНР ќе потроши 900.000 евра за наем на 175 возила за самитот на ОБСЕ

A1on