Онлајн дискусија на ФАО: Олабавување на рестрикциите – што следно со системите за храна?

Од:

Информации за начините на решавање на влијанијата и предизвици од КОВИД-19 во секторот храна и земјоделство во Европа и Централна Азија ќе споделат денеска земјите преку платформата на вебинарот на Организацијата за исхрана и земјоделство на ООН (ФАО).

Дискусијата ќе се одвива од 10:00 до 11:00 часот преку платформата Zoom на следниот линк, а ќе има и пренос во живо на јутјуб.

-Како што земјите ги олеснуваат рестриктивните мерки поврзани со КОВИД-19, се појавуваат нови предизвици за производството на храна, преработката и логистиката на синџирите на снабдување. Некои од овие може да се претворат во можности за раст, доколку креаторите на политики и актерите во вредносниот синџир ја одиграат својата улога. Сега постои огромна потреба за практични решенија за ублажување на влијанијата на КОВИД-19 и искористување на нови можности во областа на снабдување со храна, безбедност на храната и исхраната, трговијата и пазарите, соопшти ФАО.

На настанот предвидено е обраќање на Владимир Ракхманин, заменик генерален директор и регионален преставник на ФАО за Европа и Централна Азија и Максимо Тореро, главен економист на ФАО.

Би можело да ве интересира

Северна Македонија се приклучи на Европската советодавна комисија за рибарство и аквакултура

Ана Ололовска

ФАО соопшти дека од Украина испловил првиот брод со жито за Јемен

Ана Ололовска

ФАО предвидува дека оваа година увозот на храна ќе достигне рекордни 1,8 билиони долари

А1он

ФАО: Глобалните цени на храната благо паднаа во мај

А1он

ФАО и 14 меѓународни организации предупредуваат дека на истокот од Африка му се заканува голема глад

Ана Ололовска

ФАО: Од Украина досега „исчезнале“ околу 700.000 тони жито, има индиции дека го украле руските сили

А1он