ФАО: Од Украина досега „исчезнале“ околу 700.000 тони жито, има индиции дека го украле руските сили

Од:

Организацијата на ОН за храна и земјоделство (ФАО) денеска соопшти дека околу 700.000 тони жито „исчезнале“ во Украина и дека постојат индиции дека е украдено од руските сили.

Џозеф Шмидхубер, заменик директор на Одделот за пазари и трговија на ФАО, во Женева изјави дека има „непроверени докази“ дека руски војници ограбиле жито од магацините што ги уништиле, додавајќи дека Русите крадат и земјоделска опрема.

Шмидхубер додаде дека снимките на социјалните мрежи се „прилично веродостојни“, што сугерира дека Русија „превезува големи количини жито со камион од Украина“, но предупреди дека нема „статистички податоци за можна кражба“.

-Во моментов, 25 милиони тони жито се достапни за извоз во Украина, но тоа е спречено со блокада на пристаништата, рече Шмидхубер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов

Украина: Во рускиот напад на областа Дњепропетровск загинаа 8 лица, 29 се повредени

Горан Наумовски

Експлодираше гасовод во регионот на Харков

НАТО соопшти дека не ги гледа условите за поканување на Киев во Алијансата

НАТО: Украина да обезбеди војници, ние испраќаме само средства

Горан Наумовски

Би-Би-Си: Убиени се најмалку 50.000 Руси