Олег Телној ја презема функцијата генерален директор на рудникот САСА

Од:

Функцијата генерален директор на рудникот за оволо и цинк САСА од Македонска Каменица од 17 мај ја извршува Олег Телној, информираат од Централ Азија Металс.

Оттаму додаваат дека назначувањето на Телној за нов генерален директор е дел од долгорочната стратегија за развој на САСА поставена од страна на инвеститорот – компанијата Централ Азија Металс од Лондон.

Новиот генерален директор на најголемата македонска рударска компанија е квалификуван инженер и искусен професионалец за финансиско и деловно управување во рударството.

Тој на раководната позиција во САСА доаѓа од местото генерален директор на операцијата за експлоатација на бакар Кунрад во Казахстан, каде под негово раководство се постигнати одлични резултати.

Новиот генерален директор на САСА најавува дека компанијата под негово раководство ќе продолжи со инвестициите во сите клучни сегменти со кои треба да се обезбеди уште поефикасно работење, а ќе продолжи и со натамошна реализацијата на општествено одговорни проекти важни за просперитетот на локалната заедница и земјата во целина.

Би можело да ве интересира

МЕРМС: Рекордни 247 милиони денари за три месеци

Грозданов: Рударството не е закана, туку можност за економски напредок

Грозданов: Оние кои носат одлуки за рударството треба да ја слушаат науката, а не лажни активисти

Грозданов: Цехот од немање визија како да се искористи рударски потенцијал за скоро ќе ни биде испорачан, кој ќе го плати!?

Се исцртува ли визија за развојот на рударството во Македонија со формирањето на ново министерство

Горан Наумовски

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on