Оланд: Кога Франција ќе има Олимпијада целта ќе бидат златните медали а не парите од компаниите

Од:

Францускиот претседател Франсоа Оланд изјави дека кога Франција ќе биде домаќин на Олимписките Игри, таа повеќе ќе се насочи кон освојувањето златни медали, отколку кон собирањето пари од спонзорите и компаниите.

Оланд го помина вчерашниот ден во Лондон во Олимпискиот Парк, следејќи ги успесите на француските пливачи.Тој притоа најави дека Париз, но и некои други француски градови, ќе се пријават за организирање на Игрите во 2024 година.

„Не сум во Лондон за да ја промовиран кандидатурата на Франција, но знам дека Французите ќе имаат силна понуда за Олимпијадата за 12 години“, истакна Оланд.

Во разговор за „Дејли Телеграф“, францускиот претседател реагираше на расправијата во британската јавност за празните седишта на трибините во олимписките борилишта, откако се разбра дека станува збор за седишта што треба да ги користат бројните спонзори и компании кои имаат добиено влезници кои сега не ги користат. Според Оланд, организацијата на лондонската Олимпијада е многу добра, но кога Франција ќе биде домаќин нема да води толку сметка за компаниите, насочувајќи се секаде да има полни стадиони и што е можно повеќе злато.

Вклучувањето на претседателот на Франција во британската расправија околу влезниците, е уште еден пример за „затегнатите односи“ меѓу официјален Париз и Лондон, откако премиерот Дејвид Камерон не го прими Оланд, кога како претседателски кандидат дојде во британскиот главен град, затоа што навиваше за Никола Саркози. Британскиот премиер уште еднаш го налути Оланд, кога веднаш по победата ги повика француските банкари да се преселат во Лондон, ветувајќи им дека ќе им распосли црвен тепих, затоа што новиот претседател во кампањата најави екстра даноци за банкарите и за најбогатите.

За лондонскиот весник, Оланд рече дека им благодари на Камерон и на Велика Британија за распостелениот црвен тепих за француските пливачи кои веќе имаат освоено неколку златни медали. Франција во моментот е далеку поуспешна од Британците по бројот на освоите медали. Британските олимпијци се уште немаат ниту еден златен медал.

Би можело да ве интересира

Франција и Британија и дозволија на Украина да употреби ракети со долг дострел за да ја таргетира Русија

(ВИДЕО) Заврши заложничката криза во Париз: Заложниците ослободени, киднаперот уапсен

Горан Наумовски

Заложничка криза во близина на Париз, маж заробил луѓе во ресторан: Голем број полицајци на улица

Мајка убила три деца затоа што сакала да му се одмазди на својот партнер

Трагедија во Франција: Мајка е осомничена дека избоде три деца до смрт

После изборот на Трамп: Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ноел Баро се надева на мир на Блискиот Исток