ОЛАФ: Четири проценти од буџетските средства во земјите на ЕУ исчезнуваат при јавни набавки

Од:

Антикорупциските проверки во осум земји-членки на Европската унија утврдиле присвојување на четири проценти од сите буџетски средства наменети за јавните набавки, односно сума од 2,2 милијарди евра, соопшти денеска

Европската служба за борба против измамите (ОЛАФ). Како што пренесува ИТАР-ТАСС, податоците ја даваат вкупната проценка на загубата предизвикана од корупцијата во државните набавки во 2010 година во пет главни сектори, меѓу кои и градежништвото и пречистувањето на водите.

Осумте земјите во кои е извршена проверката – Франција, Унгарија, Италија, Литванија, Холандија, Полска, Романија и Шпанија – биле определени по случаен избор.

ОЛАФ не посочува конкретни учесници во корупциските скандали, бидејќи проверката е статистичка, а не целосна криминална истрага.

Би можело да ве интересира

Франција ја нуди својата војска за одбрана на Гренланд од Трамп

А1он

Трамп вети дека ќе воведе царини за Европската Унија и Кина

Горан Наумовски

Хабер: ЕУ мора да биде подготвена за царинска војна со САД

Фицо не исклучува можност од излегување на Словачка од ЕУ и НАТО

Европската унија би можела да испрати воени трупи во Украина

А1он

Новите лидери на ЕУ на првиот ден од функцијата се во Киев – носат моќна поддршка од Европа

А1он