Околу 10.000 вработени во Амазон ќе добијат отказ

Од:

„Њујорк тајмс“ денеска објави дека компанијата Амазон планира да отпушти околу 10.000 вработени, почнувајќи од неделава.

Весникот наведува дека тоа ќе биде најголем отпуштање во историјата на Амазон. Но, тоа би претставувало помалку од еден процент од глобалната работна сила на Амазон и три проценти од вработените во корпорациите.

Амазон на крајот на 2019 година пријави 798.000 вработени, но компанијата имаше 1,6 милиони работници со полно и скратено работно време на 31 декември 2021 година, што е зголемување од 102 отсто, пишува Њујорк Тајмс.

Годинава акциите на Амазон се намалија за околу 41 отсто.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Амазон ги лансираше првите сателити, ќе му прави конкуренција на Старлинк на Маск

„Амазон“ затвора три магацини во Велика Британија, ќе отпушти 1.200 вработени

А1он

(ВИДЕО) Штрајк на вработени во Амазон во Германија

Италијанскиот пазарен регулатор го казни Амазон со 1,13 милијарди евра

Амазон прекинува да прифаќа плаќања со Visa кредитни картички од Британија

Ана Ололовска

Амазон вложува пет милијарди долари во нов „облак“ склад во Нов Зеланд

Ана Ололовска