Официјално почнува изградбата на „Трансјадранскиот гасовод“

Од:

На свечена церемонија во Солун денеска официјано ќе биде означен стартот на изградбата на „Трансјадранскиот гасовод“ на територијата на Грција, јави ТАСС.

Според најавите, на церемонијата ќе присуствуваат грчкиот премиер Алексис Ципрас, министерот за животна средина и енергетика на Грција, Панос Скурлетис, како и министрите за енергија на Азербејџан и Бугарија, Натиг Алиев и Темнужка Петкова.

Покрај нив, на церемонијата е најавено и присуство на потпретседателот на Европската комисија и еврокомесар за енергетика Марош Шефчович и на специјалниот пратеник и координатор за меѓународни енергетски прашања на американскиот Стејт Департмент, Ејмас Хокстеин.

Гасоводот ТАП ќе започнува на грчко-турската граница на Марица, минувајќи преку териториите на северна Грција, јужна Албанија и дното на Јадранското Море и ќе завршува во јужниот дел на Италија.

Преку овој гасовод ќе се пренесува природен гас од азербејџанските наоѓалишта во реонот на Каспиското Море до корисниците во Грција, Албанија и Италија и понатаму во западна Европа.

Би можело да ве интересира

„Гаспром“ е безбеден уште 110 години

Русија годинава извезла повеќе гас во Европа отколку во 2023 година

Словачка протера двајца осомничени за планирање напади на енергетски објекти

Потпишан Меморандум за соработка во полето на гасниот сектор со Србија

Дали Русите ќе ги загрозат подморските кабли: Во САД загрижени за движењето на подморниците

Предраг Петровиќ

Одбиено барањето на Унагарија и Словачка за санкциите кон Лукоил