ОЕЦД укажува на забрзување на економскиот раст на еврозоната

Од:

Економскиот раст на еврозоната почнува да се опоравува, особено во Германија, соопшти денеска Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Во Франција и во Италија, втората и третата најголема економија на еврозоната по Германија, тој тренд меѓутоа, не е толку силен, наведува ОЕЦД.

Водечките показатели во Франција укажуваат на стабилизација на деловната активност, а Италија исто така е во фаза на стабилизација, што претставува подобрување во однос на претходниот период на пад.

Показателите за Кина, Индија и Бразил говорат дека економскиот раст ќе продолжи, но со нешто побавно темпо.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот