ОЕЦД: Доколку продолжи со реформите, Грција ќе забележи раст

Од:

Грчката економија е подготвена „да забележи раст“ по длабокта депресија, но земјата „треба да продолжи со реформите“, за да се направи пресврт на кризата, изјави денеска во Атина генералниот секретар на Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Анхел Гурија.

Во годишниот извештај за грчката економија, кој го претстави Гурија, се предвидува зголемување на бруто домашниот производ за два проценти во 2018 година и за 2,3 проценти во 2019 година.

По девет години длабока депресија како резултат на должничката криза, земјата лани забележа раст од 1,4 проценти.

Грција оствари „огромен напор за буџетска стабилизација” и „најамбициозната програма за реформи, која сме ја виделе во последниве години”, истакна Гурија, по средбата со премиерот Алексис Ципрас и министерот за финансии Евклидис Цакалотос.

– Ние веќе не зборуваме веќе за Грегзит, туку за „егзит“ (излез) од програмите за меѓународни кредити, рече Гурија, кој му честиташе Ципрас на заедничка прес-конференција.

Би можело да ве интересира

Несреќа во Солун: Експлодира бомба, настрада 38-годишна жена од Грузија

Затворска казна до три месеци или парична казна од 300 евра за паркирање приколки или кампери на јавни простори во Грција

А1он

Штрајкуваат вработените во јавниот превоз во Грција

Грците уапсија шпион кој преку шифрирана апликација испраќал тајни материјали

Силен земјотрес го погоди Крит

Катерина Ѓуровски

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент