Според податоци кои „Индепендент“ ги пренесе од Травел Супермаркет, интернет портал за споредување цени, Хрватска годинава е меѓу најскапите дестинации за летување, и значително поповолно е да се летува во Мароко, Шпанија, Египет и Португалија.
Хрватска, сепак, се наоѓа на листата десет најисплативи места за одмор, но е на последно место. Според пресметката на Травел Супермаркет, одмор во Хрватска чини 636 фунти по лице, а нагласено е дека трошоците за седумдневен одмор во Дубровник се зголемиле за дури 405 отсто.