Одлуката за штрајк на вработените во ФЗО во мирување, договорени одредени чекори за изнаоѓање решение

Од:

Имавме средба со претставници на УПОЗ, договоривме одредени чекори кои заеднички ги преземаме со цел да се изнајде заеднички прифатливо решение и тоа ќе го работиме во периодот кој следи, во наредните две до три недели и верувам дека на крајот ќе излеземе со предлог кој ќе биде на општо задоволство, истакна денеска директорот на Фондот за здравствено осигурување Ден Дончев.

Средбата на претставниците на Синдикатот на работниците од Управата, правосудните органи и здруженија на граѓани (УПОЗ) и синдикалните претставници од ФЗО со директорите на Фондот се одржа по најавата за протест на вработените во Фондот кои бараат зголемување на нивните платите и потпишување на колективниот договор.

– Ги разбирам нивните барања, меѓутоа сметам дека најавата за штрајк не е начин да се решат тие проблеми. Денеска мислам дека најдовме заеднички прифатливо решение и ќе работиме заедно со цел да видиме што можеме заеднички да направиме, рече Дончев, одговарајќи на новинарско прашање по прес-конференцијата за искуствата од најновата иновативна терапија за мултипла склероза во организација на Универзитетската клиника за неврологија.

Претседателот на Синдикална организација на ФЗО при УПОЗ, Вулнет Мурсели по средбата рече дека одлучиле да ја стават во мирување одлуката за штрајк се додека не се изнајде решение.

– Ќе се преговара интензивно овие две недели и ќе имаме можност да имаме усогласување на колективниот договор и да се видат законските можности за корекција на платите, посочи Мурсели.

Претседателот на УПОЗ, Пеце Грујовски рече дека незадоволството на вработените од Фондот не е од вчера, туку веќе подолго време со менаџментот на ФЗО разговарааат на темата – корекција на платите и потпишување на колективниот договор.

– Денеска двајцата директори на Фондот покажаа добра волја. Постигнавме договор со конкретни датуми и доколку во тој период не се реализира договореното ние го имаме правото повторно да организираме протест, а ако е незадоволството поголемо и штрајк. Вработените во Фондот имаат најниски плати споредено со платите на вработените во здравствените установи. Рокот е до 20 ноември да бидеме информирани за тоа што како менаџметот ќе го направат и да не известат за процентот на зголеување на платите. До 1 декември оставивме рок да се усогласат ставовите за колективниот договор. Ако нема спорни прашања најдоцна до 1 декември да го потпишеме колективниот догововр. Доколку до овој датум не се постигне договор во врска со платите и не се потпише колективниот договор, тогаш ќе ја активираме одлуката за протест, евентуално и за штрајк, додаде Грујовски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од две милијарди денари на ФЗО

Горан Наумовски

ФЗО ќе соработува со синдикатите околу барањата за поголеми плати, критична е состојбата со средномедицинскиот персонал

Горан Наумовски

Клековски: За десетина дена ќе знаеме дали ќе има проширување на позитивната листа на лекови

Синдикат на УПОЗ: На повидок суспендирање на колективните договори

Клековски и Аџигогов се нови директори во ФЗО

ДЗР: Слабости во ИТ системот на ФЗО, не се воспоставени контрола и систем за успешноста на лекување во странство