Постапката за стечај на „Фени индустри“ е одложена на барање на новиот директор Рајчо Кацаров.
Тој побарал изземање на Основниот суд во Велес и барал стечајната постапка да ја води скопски суд, бидејќи седиштата на трите банки кои ја покренале постапката се во Скопје.
Од Велешкиот суд потврдија дека е прекината постапката и кажаа дека чекаат изјаснување на Врховниот суд.