Одложен судскиот процес против директорите на Телеком

Од:

Во Њујорк на неопределно време е одложено судењето на тројцата директори на Маѓар телеком, Елек Штрауб, Томас Морваи и Андраш Балог, обвинети за потплатување на директори во Црна Гора и во Македонија за да се спречи конкуренција на оваа компанија. Процесот ќе биде одложен се до оној момент додека не се утврди дали судијата има некаква поврзаност со обвинетите директори.

Обвинението за тројцата директори е покренато во 2005 година, поради тоа што направиле договор со високи претставници на двете најголеми партии во македонската Влада, да се спречи натамошното отворање на македонскиот телекомуникациски пазар.

Во Црна Гора, директорите во 2005 година потплатиле црногорски политичари за да го наштелуваат купувањето на државниот Телеком Црна Гора од страна на Маѓар Телеком.

Би можело да ве интересира

Фетаи: Извештајот на Транспаренси интернешнл е резултат на криминалното владеење на СДСМ и ДУИ

Индекс на перцепција на корупцијата: Македонија на 88 место заедно со Казахстан, Суринам и Виетнам

Катерина Ѓуровски

ВЛЕН: За еден месец се сруши кулата изградена со криминал и корупција

ДУИ бара еднаков и транспарентен процес во борбата против корупцијата

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата бара веднаш да се стопира иницијативата за измена на Законот за јавните набавки по скратена постапка

Податоците за вистинските сопственици на фирмите во земјава не се користат во борбата против корупцијата