Одборот на доверители на Фени Индустри: Не сме контактирани од Транспаренси Интернешнл со барања за било каква информација

Од:

„Во врска со конференцијата за печат и јавните изјави на Транспаренси Интернешнл Македонија, Одборот на Доверители кој ги штити интересите на широк спектар на приватни и јавни, домашни и странски доверителина ФЕНИ Индустри АД – во стечај ја информира јавноста за следното:

Стечајната постапка за ФЕНИ Индустри АД – во стечај се води на примерен начин, во целосна согласност со законот и применливите прописи.

Без оглед на големината и комплексноста на друштвото кое е во стечај, секоја стечајна постапка има цели кои се јасно дефинирани во Законот за стечај. Ние, како доверители, немаме забележано било какво дејствие или документ одобрени или подготвен од стечајниот управител или од стечајниот судија кој може да предизвика било каков сомнеж во усогласеноста со прописите и регуларноста на нивното работење. Ние ја потврдуваме заложбата на стечајните органи да работаат со исклучително внимание и грижа, за да се зачува вредноста на стечајната маса и да се овозможи најдоброто можно намирување на доверителите.

Сите релевантни активности во оваа стечајна постапка биле целосно транспарентни и достапни за секој што имал интерес, согласно закон. Одборот на доверители досега не е контактиран од страна на Транспаренси Интернешнл Македонија со барање за било каква информација, со што на секоe добронамерно заинтересирано лице ќе му беа јасни неспорните предности и транспарентноста на постапката во врска со договорот за процесирање на никелова руда, заради задржување на вредноста на ФЕНИ Индустри АД – во стечај и заштита на работните места на над 700 вработени.

Оваа стечајна постапка е еден од најсложените стечајни случаи во државата, и секое неповикано вмешување од трети страни кои не учествуваат во процесот, како што е Транспаренси Интернешнл Македонија, предизвикува штета за стечајната постапка, за доверителите, за работењето на друштвото во стечај и неговите вработени, како и на репутацијата на државата како добра дестинација за инвестиции“ се вели во соопштението на Одборот на Доверители на Фени по изјавите на Транспаренси интернешнал Македонија.

Би можело да ве интересира

Основен суд Кавадарци: Одбиени предлози за укинување одлуки за продажба на имот на поранешно „Фени”

Левица: ФЕНИ ќе почне со работа на штета на вработените , бараме национализација

Предраг Петровиќ

Турски ,,Јилдирим” го купи поранешно ,,Фени” од Кавадарци, работниците сукцесивно треба да се враќаат на работа

Предраг Петровиќ

Отворена стечајна постапка за поранешно Фени: На работниците им должи 2,18 милиони евра за плати

A1on

Комерцијална банка го презеде поранешен Фени за 37,9 милиони евра

A1on

Кавадаречките политичари ги поддржаа работниците: Нема да се дозволи да се изгасне печката во Фени

А1он