Од три гранични премини што требало да се градат на крајниот Исток, Клепало најблиску до поврзување со Бугарија

Од:

Изградбата на патот и на граничниот премин „Црна Скала“ иако е од голема важност за жителите на Делчево од македонска и Ќустендил од бугарска страна кај Делчево, цели 18 години не мрднал од мртва точка. Иако за овој проект во 2001 година се потрошени 1,7 милиони евра за изградба на патот, пробивање и тампонирање на тој пат, како што вели делчевскиот градоначалник Горан Трајковски, изградени се и повеќе потпорни и заштитни ѕидови на тој пат, но се останало на тоа.

-Објаснувањето тогаш било дека поради тоа што од бугарска страна не се почнало со овој проект се стопирани работите и од македонска страна. Овој проект би бил од огромно значење за жителите од двете страни на границата бидејки би се скратил патот до Софија за околу 40 километри и секако од огромна корист би бил за економски развој на регионот од двете страни на границата, вели Трајковски.

Во прилог на договорот за изградба на три мали гранични премини кој пред 26 години нашата земја го потпиша со Република Бугарија најблиску до целосна изградба е преминот „Клепало” кај Берово.

-Во 1993 година било договорено од наша страна да биде изграден граничниот премин „Клепало“ кај Берово за двете погранични служби, а тие имале задача по договорот да изградат граничен премин за двете гранични служби и на преминот Црна Скала, меѓутоа тоа до ден денес не се случило и се надевам и верувам во однос на овие добрососедски односи може да се најде начин да се изгради и овој граничен премин да се изгради од двете страни на границата, додава Трајковски.

Би можело да ве интересира

Во својот дом е нападната 40-годишна жена од Берово

ВИДЕО: Пороен дожд со град и ветар во Делчевско

Катерина Ѓуровски

Пронашле граната, ја однеле во полициска станица во Берово

Локализиран e пожарот во туристичката населба Абланица во Берово

Маж од Делчево споделил лични фотографии на неговата поранешна вонбрачна партнерка

Пекевски: Дечињата кои прележаа салмонела се во добра состојба