Од Росоман извезени над три милиони килограми праски

Од:

Околу 3 до 3.5 милиони килограми праски досега се извезени само преку царинската испостава во Кавадарци и тоа главно на рускиот пазар, во Украина, како и на пазарите во поранешна Југославија, изјави денеска градоначалникот на Росоман, Стојанче Лазов.

Во моментов цената за килограм праски на откупните пунктови во Росоман изнесува околу 17 денари. – Сметам дека производителите на овој вид на овошје можат да бидат задоволни од годинешната сезона оти бербата започна со цена од околу 30 денари за килограм праски, кажа Лазов.

Градоначалникот нагласи дека во росоманскиот регион се произведуваат околу еден процнет од светското производство на праски. Тој изрази задоволство што интересот за праската расте.

Би можело да ве интересира

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади