Од полноќ пониски цени на горивата

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 2,20% во однос на одлуката од 20.4.2023 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 3,666%, кај дизелот за 6,122%, кај екстра лесното масло за 6,120% и кај мазутот има зголемување за 0,865%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,064%

Малопродажната цена на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 1,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 3,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,028 ден/кг.

Од 25.4.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 81,00 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 83,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 71,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 70,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,437 (денари/килограм)

Би можело да ве интересира

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов

Нови цени на горивата

Поевтин дизел, поскапи бензини од полноќ

Катерина Ѓуровски

Нови цени на горивата