Од полноќ нови цени на горивата

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,16% во однос на одлуката од 28.10.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 0,870%, кај дизелот намалување за 1,202%, кај екстра лесното масло намалување за 0,228% и кај мазутот зголемување е за 2,506%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,387%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 1,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 0,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 не се менува.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,584 ден/кг и сега ќе изнесува 50,067 ден/кг.

Од 1.11.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 90,50 (денари/литар)

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 92,50 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 99,00 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 96,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 50,067 (денари/килограм)

Би можело да ве интересира

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

Поскапува дизелот

Поскапи горива од полноќ

Нова повисока цена на горивата

А1он

Поскапува дизелот

Повисоки цени на горивата од полноќ