Од ноќеска поевтинува дизелот

Од:

Дизел горивото од ноќеска на полноќ поевтинува за 2,5 денари за литар, а цената на екстра лесното масло за домаќинството се намалува за два денари, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Со одлуката се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,26 отсто.

Новата малопродажна цена на ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 70,5 денари за литар, а на Екстра лесното масло за горење (ЕЛ-1) 67,5 денари. ЕУРОСУПЕР БС – 95 и понатаму ќе се продава за 75, а ЕУРОСУПЕР БС – 98 за 77 денари за литар.

Од РКЕ посочуваат дека референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 2,370 отсто, кај дизелот за 6,738, кај екстра лесното масло за 6,741 и кај мазутот за 3,944 отсто. Курсот на денарот во однос на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,4085 отсто.

Би можело да ве интересира

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата

Поскапува дизелот

Поскапуваат горивата

Нови цени на дел од горивата

Поевтинуваат горивата