Од монети до дигитални услуги: MINT Fintech Group ја слави еволуцијата на финансиите

Од:

MINT Fintech Group, лидер во финтек индустријата во Македонија, вчера го одбележа својот 8-годишен јубилеј со свечен настан кој привлече истакнати претставници од деловниот свет и финансискиот сектор. Централна тема на вечерта беа ребрендирањето на компанијата и премиерата на нејзината иновативна мобилна апликација.

Новата апликација на MINT Fintech Group претставува интегрирано решение кое обединува клучни финансиски услуги – плаќања, осигурување, програми за лојалност, туристички услуги и менувачки курсеви – сè на едно место. Со современ дизајн и едноставност, апликацијата обезбедува врвно корисничко искуство и високо ниво на транспарентност.

Генералниот директор на MINT Fintech Group, Никола Јошевски, истакна дека компанијата влегува во нова ера со овој значаен проект:

„Нашето ребрендирање и новата апликација не се само технологија – тие се визија за иднината на финансиските услуги во Македонија. Со овој чекор, ние создаваме нова платформа која ќе ги задоволи и надмине очекувањата на нашите клиенти, нудејќи им сигурност, брзина и лесен пристап до сите потребни услуги.“

На настанот, покрај промоцијата на апликацијата, беше претставена и изложбата „Патот на парите, од праисторијата до денес“, која ја визуализираше еволуцијата на финансиските услуги низ времето – од првите монети до денешните дигитални решенија.

За MINT Fintech Group
Од своето основање пред осум години, MINT Fintech Group прерасна во симбол на иновации и прогрес во финансискиот сектор во Македонија. Со тим од стручни професионалци и напредни технолошки решенија, компанијата продолжува да воведува стандарди кои го обликуваат пазарот и обезбедуваат иднина ориентирана кон корисниците.

Би можело да ве интересира

Httpool се ребрендира во Aleph за да го зајакне меѓународниот развој на огласувачите и брендовите

Горан Наумовски

Македонец сакал да однесе во Америка стари монети вредни 2 милиони денари – фатен е на аеродром

А1он

ВИДЕО: Петденарката со северна кафематите не ја препознаваат

A1on

Нови ковани пари за колекционерски цели со водолија и риби од НБРМ

Емир Латифовиќ