Од денеска нов повик за грантови за млади земјоделци

Од:

Платежната агенција објави нов повик за грантови од 10.000 евра за млади земјоделци, соопшти денеска министерот за земјоделство Љупчо Николовски од Кавадрци.

Средствата, како што рече Николовски по посетата на пункт за откуп на грозје, се наменети пред се за млади кои сакаат да се занимаваат со сточарство, за набавка на опрема во постбербени активности и за преработка на производи од животинско потекло.

Рокот за аплицирање трае 30 дена, а предност ќе имаат невработени лица повеќе од две години, лица кои имаат земјоделски задруги, кои се занимаваат со органско производство и кои применуваат нови технологии за добра земјоделска пракса.

– Оваа мерка годинава е со изменети критериуми. Се фокусираме на точно предвидените категории млади луѓе. Сакаме да придонесеме за зголемување на сточниот фонд, рече министерот, дополнувајќи дека лани биле потпишани 424 договори за земјоделска механизација.

Според Николовски, до крајот на годината ќе се акредитира и мерката од ИПАРД за рурално-јавна инфраструктура. Тоа ќе значи дополнителни 10 милиони евра за кои на почетокот на следната година ќе можат да аплицираат општините. Оваа мерка е дел од евроинтеграцискиот процес на државата.

– Кавадарци е една од општините која исто така користи европски средства. Досега се искористени околу четири милиони евра за земјоделство, за училишта, инфарструктура и други активности во делот на локалните работи. Евроинтеграцискиот процес кон кој чекори Македонија е многу битен за младите да останат тука, затоа и ја даваме оваа нова дополнителна поддршка. Членството во НАТО и преговорите со ЕУ се особено значајни за секторот земјоделство на кој ќе се базира во иднина нашата економија, додаде министерот.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Петрушевски: Арекспорт со договор кој го потпишал Љупчо Николовски се обврзале на инвестиција од над 2.4 милиони евра, не реализирале ниту 300 илјади

МЗШВ: Префрлени се сто милиони денари на АД Водостопанство за заостанатите плати

МЗШВ: Лозарите претходната Влада ќе ја паметат по ниските откупни цени и безредие

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

МЗШВ: Кон 4.033 одгледувачи на говеда исплатени 100 милиони денари дополнителни субвенции за обележани грла говеда

МЗШВ: Исплатени субвенциите за остварено производство во овоштарство и градинарство со вредност од 302 милиони денари кон 13.440 земјоделци