Од денеска комисии ќе ги утврдуваат штетите од овошните и лозовите насади

Од:

Комисии за испитување на штетите настанати кај овошните и лозовите насади поради ниските температури и мразот од денеска треба да излезат на терен и да се направат првични анализи и проценки за направените штети.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков по синоќешната вонредна владина седница изјави дека е формирана и комисија од повеќе институции којашто треба да утврди методолгија по која ќе се изврши исплаќање на штетите.

– Изминатите две вечери температурите се спуштаа и до минус седум степени и може да се заклучи дека штетите кај овошните и лозовите насади се доста големи. Земјоделците треба да бидат безгрижни и сигурни дека ќе ги обештетиме, имајќи во предвид дека и во изминатите години сме имале вакви штети. Ќе најдеме начин и пари да ги обештетиме, изјави министерот Цветков по владината седница.

Тој посочи дека согласно законот штетите се исплаќаат до 100 отсто и не е стриктно утврдено колкав ќе биде процентот на исплата.

– Висината на исплатената штета ќе зависи од големината на оштетувањата, од вкупната сума која ќе треба да се обештети и согласно средствата со кои располага Министерството во нашите програми. Процентот не може да се одреди веднаш, туку ќе го одредиме согласно штетата и согласно парите со кои располагаме, прецизира Цветков.

Според заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Ванчо Костадиновски, од направениот увид на терен се согледува дека се направени штети врз јаболковите насади во Преспанскиот регион и во сите останати региони во Македонија со исклучок на една или две општини во јужниот дел.

– Комисиите кои се формирани утре ќе бидат на терен и ќе се направат итни и првични анализи и процени на настанатата штета од мразот. Согласно првичните процени и воспостановената методологија ќе се утврди на кој начин ќе се одреди износот и вредноста на штетата, истакна Костадиновски.

Тој посочи дека од 2012 година Владата субвенционира 60 отсто од износот на полисата за осигурување од ризици во земјоделството и додаде дека рапидно е зголемен бројот на замјоделците кои ја користат таа мерка.

На владината седница присуствуваа и повеќе градоначалници од општините каде има најголеми штети на насадите.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

Мицкоски: Исплатени се субвенции од над милијарда и триста милиони денари за околу 20.000 земјоделци

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

СДСМ: Лага е дека се исплаќаат субвенции од преходните четири години, неспособната власт доцни

Катерина Ѓуровски

Ќе се субвенционираат пристигната патници и дестинации, Владата ги менува условите за поддршка на авиокомпаниите

Катерина Ѓуровски

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите