Од април директна авиоврска со Будимпешта

Од:

Од април следната година Визер почнува со директна авиолинија од Скопје до Будимпешта.

Новата рута компанијата ја објави денеска, а ќе ја воведе од 2 април 2017 година.

Ќе се реализира два пати во неделата, во среда и недела.

Билетите се пуштени во продажба, а цената е од 1.199 денари.

Со новата рута, Виз ер нуди 58 други дестинации од својата база во Будимпешта, отварајќи им можности на македонските патници да патуваат низ цела Европа.

Виз ер почна да оперира од Скопје,  во јуни 2011 година и од тогаш авиокомпанијата постојано ја проширува македонската мрежа. Во октомври 2012 година, Виз ер ја утврди базата на работење во Скопје и сега брои три авиони и повеќе од 80 вработени во главниот град на Македонија. Минатиот јуни, авиокомпанијата започна со летови и од вториот македонски аеродром, во Охрид.

Во првите 11 месеци од 2016, Виз ер пренесе околу 1 милион патници со своите ниско-буџетни македонски рути, поддржувајќи повеќе од 700 локални работни места во различни индустрии.

Виз ер сега нуди 26 рути до 11 држави од Македонија.

Би можело да ве интересира

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски