Од 1. октомври започнува раниот откуп на тутунот во Пелагониско

Од:

На први октомври ќе започне раниот откуп на тутунот,а шест фирми ќе откупуваат на 50 пункта за пелагонискиот регион.Оваа година откупот ќе се врши во една фаза, а се очекува да се преземат над 6000 тони тутун.

Според Данчо Милески,претседател на Сојузот на тутунари,овој пилот-проект или ран откуп е поволен,особено за тутунарите што немаат услови за чување на тутунот,а тутунарите ќе ги добијат парите една недела по предавањето на родот.Според него, оваа година се очекува подобар квалитет на родот,но помал квантитет поради големите суши и претрпените штети од јунското невреме.

Предвремениот откуп треба да заврши до 31 октомври, при што веќе од 1. ноември ќе се врши проверка на откупните пунктови и заверка на мострите со цел од 15 ноември да започне редовниот откуп на тутунот.

А.Ш.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Бектеши: За уште 35 денари се зголемува откупната цена на тутунот, носиме одлуки во интерес на тутунарите

Откупувачите ги потпишаа анексите со зголемена цена на тутунот, откупот веднаш се интензивираше

Во Прилеп се очекува да се интензивира откупот на тутунот

Николовски: Очекувам цена до 400 денари за тутун од прва класа и минимум за 20 отсто повисоки откупни цени за годинава

Стомнароски: Откупот на тутунот нема да почне без зголемени цени