Од 1 март во Прилеп присилна наплата на даноците

Од:

Од 1 март Општина Прилеп започнува со присилна наплата на неплатениот данок на имот и комунална такса за периодот од 2023, 2024 и 2025 години. Причина за ваквата непопуларна мерка на наплата е тоа што значителен број даночни обврзници и покрај досегашните повици, сѐ уште не ги подмириле своите обврски.

-Според податоците од Одделението за администрирање на приходи, вкупниот процент на наплата на даноци за имот во 2025 година изнесува 60 проценти, при што се наплатени околу 137 милиони денари по основ на даноци и комунални такси. Иако, наплатата бележи раст во однос на претходните години, постои значителен износ на ненаплатени средства кои треба итно да бидат подмирени, информираат од прилепската локална самоуправа.

Прилепските градски власти напоменуваат дека има време неплаќачите да ги подмират обврските до 1 март пред да им бидат блокирани сметките.

Инаку, за неплатени комунални такси и фирмарина процентот на наплата е само околу 45 проценти.

Би можело да ве интересира

Кумановци што работеа во Ирак и Авганистан повторно на протест пред општинската зграда

Обвинителство бара притвор за двајца златари кои затаија над еден милион евра данок

Определен e притвор на шест лица за случајот со Прилепската болница

Побаран притвор за шестмина и мерки претпазливост за 15-тина кои се приведени за случајот со Прилепската болница

Денеска во Прилеп гласаат 298 болни и изнемоштени, 60 штитеници и 119 осуденици во прилепскиот затвор

ВМРО-ДПМНЕ: Продановски e вистинскиот избор за градоначалник во Општина Прилеп

Горан Наумовски