Од 1. јануари ново работно време на даночните одделенија на УЈП

Од:

Даночните одделенија на Управата за јавни приходи во Прилеп, Охрид, Гостивар, Кичево, Струмица, Куманово, Велес и Гевгелија од 1 јануари во работните денови ќе работат со продолжено работно време до 18 часот и до 14 часот во сабота.

– Поради совпаѓање на работното време на голем дел од физичките и правните лица со работното време на УЈП, странките често немаат можност во текот на предвиденото работно време да ги завршат своите обврски. Од тие причини, го продолжуваме работното време на шалтерите на УЈП со што нашите услуги ќе бидат подостапни за граѓаните и фирмите, велат од Управата за јавни приходи.

Оттаму поотсетуваат дека продолженото работно време за регионалните дирекции на УЈП во Скопје, Битола, Штип, Тетово и Кавадарци започна да се применува од 1. октомври годинава.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет