Обука на УЈП за плаќање данок од закуп на имот во Кичево

Од:

Управата за јавни приходи денеска во Кичево одржа обука за пријавување на приход од издавање под закуп на движен и недвижен имот.

Целта на обуката е да се информираат граѓаните сопственици на деловни простории, станови и друг имот за пријавувањето на овој вид приход и да се допринесе во намалувањето на сивата економија.

– Овој месец обуката трае еден ден, а можно е следниот период да има и други обуки. Крајниот рок за поднесување на овие пријави е 15 јануари 2017 година, изјави Гордана Аврамоска од Даночното одделение на УЈП во Кичево.

Сопствениците на станбен и деловен простор, гаражи, простории за одмор и рекреација и друг вид на имот должни се даночната пријава да ја пријават во рок од 15 дена од склучувањето на договорот.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

УЈП демантира дека го „пломвирала“ Пулс во декември минатата година

ДУИ: Во истрагата за „Пулс“ е неопходно да се покрене прашањето за улогата и одговорноста на УЈП

СДСМ: Елена Петрова ја лаже јавноста, повратот на ДДВ-то доцни и до четири месеци

Петрова: Исплатата на МојДДВ и повратот на ДДВ за компаниите тече континуирано

УЈП: Поголеми ланци на маркети во земјава во четвртокот и петокот имаа помал промет