Објавен вториот јавен повик за интерес за купување земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии

Од:

Министерството за земјоделство,шумарство и водостопанство го објави вториот јавен повик за доставување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата.

Право на учество на јавниот повик имаат физички лица и правни лица кои во катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и помошните објекти кои се во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор.

Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост. Со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, но и ќе остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма. Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството.

Рокот за поднесување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата е во времетраење од 60 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници, а се доставуваат до писарницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Скопје. Конкретно рокот за поднесување на понудите е до 27-ми декември.

МЗШВ укажува, сите заинтересирани да достават комплетна документација и да го запазат рокот за доставување, со цел побрзо да се склучат договорите.

Линк до јавниот повик: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=261

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници