Објавен оглас за наем на три шанкови покрај брегот на Дојранско Езеро

Од:

Општина Дојран денеска објави оглас за давање под краткотраен наем на три деловни објекти, летни шанкови, покрај брегот на Дојранското Езеро во населбата Стар Дојран.

Од комисијата за спроведување на постапката за продажба и давање на користење на движен и недвижен општински имот информираа дека шанковите ќе се издадат под краткотраен закуп во периодот од 1-ви август до 30-ти септември.

Локациите на шанковите се атрактивни, со корисна површина од по 100 метри квадратни и со намена за вршење угостителски услуги. Почетната цена на месечната закупнина изнесува 170.000 денари за едниот шанк и по 39.000 денари за другите два шанка.

Крајниот рок за пријавување на заинтересираните лица е до 23-ти јули до 12 часот, а усното јавно наддавање ќе се одржи истиот ден со почеток во 13 часот.

Би можело да ве интересира

На граничните премини Табановце, Богородица и Дојран се чека и по еден час

Земјотрес почувствуван утрово во Дојран

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Изгаснат е пожарот кај Стар Дојран

Горан Наумовски

Ветрот не дозволува да се стави под контрола пожарот кај Стар Дојран