Објавен јавниот повик, занаетчиите ќе добијат субвенции од 20 милиони денари за набавка на алати и репроматеријали

Од:

Министерството за економија денеска го објави јавниот повик за кофинансирање на трошоци на занаетчии и вршители на занаетчиска дејност со кој се покриваат до 60 отсто од докажаните трошоци за набавка на алати и репроматеријали во 2020 година, но не повеќе од 60.000 денари.

Согласно Програмата за конкурентност, иновации и претприемништво на Министерството за економија, за оваа мерка предвидени се средства во вкупен износ од 20 милиони денари денари, а субвенцијата ќе се дели по принципот „прв дојден, прв услужен“.

-Право на учество на овој Јавен повик имаат занаетчии и вршители на занаетчиска дејност кои се регистрирани согласно Законот за занаетчиство и ги исполнуваат следните услови: да имаат деловно седиште на територијата на Република Северна Македонија, да имаат најмногу 5 (пет) вработени на неопределено работно време, да имаат намирени обврски кон државата и вработените. Еден апликант може да користи субвенција само еднаш по овој јавен повик. Разгледувањето и изборот на апликантите кои ги исполнуваат условите утврдени во Јавниот повик, ќе се прави по принципот „прв дојден, прв услужен“ односно по редослед на поднесување и пристигнување на апликациите во архивата на Министерството, сѐ до исцрпување на предвидените средства, инфомрираат од Министерството за економија.

Крајниот рок за аплицирање по овој јавен повик е 27 ноември годинава до 14:00 часот, а детали за начинот на аплицирање може да се најдат на веб-страницата на Министерството за економија: http://www.economy.gov.mk/doc/2856 .

Би можело да ве интересира

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Потврдите за неосудуваност целосно достапни на порталот – uslugi.gov.mk

Предраг Петровиќ

Средби со ММФ: Соодветните политики на Народната банка придонесоа за јакнење на отпорноста на шокови

Силен раст на Волстрит трет ден по ред

Горан Наумовски

Путин: Економската ситуација во светот станува сè покомплицирана