НСДП бара оставка од Регулаторна комисија

Од:

НСДП ги повикува, како што велат, слепите послушници, кадрите на ВМРО-ДПМНЕ во Регулаторната комисија да си поднесат оставки.

„Претседателот Димитар Петров, кадар на ВМРО-ДПМНЕ и екс членот на Извршниот комитет Видан Кулевски, не прават ништо во заштита на потрошувачите од монополите како ОКТА, Топлификација и ЕЛЕМ, туку напротив работат за нив“, рече Николче Ацевски.

НСДП забележува дека слепо ја препишуваат методологијата за зголемуње на цените од ОКТА и тоа согласно договорот за продажба кој го склучил ВМРО-ДПМНЕ, кога Груевски бил министер за финансии. Како резултат од ова велат, бидејчи Владата не се откажа од акцизата, бензинот ја проби границата од 90 денари по литар.

Според Ацевски, изработен е правилник за греење во согласност со АД Топлификација (каде акционери се и неколку видни функционери од фамилијата). Со Правилникот и оние што не се греат плаќаат. Резултат -граѓаните ќе почнат да бараат начин како да се иселат од колективните згради, бидејќи не им се дозволува ни да се исклучат од системот.

На ден Илинден, велат од НСДП, повторно ја зголемија цената на електричната енергија за нови 10 % (или за 75 % во последните 6 години) и скришно ја укинаа ефтината дневна тарифа (со што цената на струјата се зголеми не за 10 % туку за близу 30 %). Резултат -сега граѓаните не треба да го чекаат 13 туку 22 часот за да го зготват скромниот ручек, или да го вклучат бојлерот или машината за перење.

„Граѓаните не можат да состават крај со крај, живеат од денес до утре за да ги купат основните прехрамбени намирници, леб, млеко, зејтин, а да не зборуваме дека за две недели почнува и школската година. Како ќе ги плаќаат дупло поголемите сметки за струја кои се резултат на катастрофалната политика на оваа Влада во делот на енергетиката. Владата на ВМРО-ДПМНЕ е дирекно одговорна за овие состојби и треба да понесе одговорност пред народот. Но премиерот проба да ги испере рацете пред некој ден кога кажа дека не Владата, туку РКЕ која била не партиска, туку независна, била одговорна за цените на енергенсите“, рече Ацевски.

НСДП ја повикува РКЕ да ја докаже својата независност со тоа што ќе излезе од под капата на Владата на Груевски и итно ќе ги врати цените на нафтата, електричната енергија и парното на пониско ниво. Истовремено да ја врати ефтината дневна тарифа на електричната енергија.

Во спротивно НСДП бара неотповикливи оставки од претседателот и членовите на РКЕ, а го поддржа и барањето за нивно разрешување во Собранието на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Лебот нема да поскапи следните два месеца, компаниите се жалат на проблеми со ликвидноста и со одлив на кадри

А1он

Ќе успее ли Македонија да ќари од рекордното поскапување на бакарот на светските берзи?

А1он

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

Зошто се тактизира со извештајот за избор на универзален снабдувач?

Орце Костов

ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто