Ново зголемување на цените на горивата – бензините поскапи за денар и пол, дизелот за два денари

Од:

Малопродажните цени на нафтените дериват се зголемуваат во просек за 2,54 проценти објави Регулаторната комисија за енергетика.

Цените на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 81,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 83,00 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 73,00 ден/лит.

Цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 2,00 денари/литар и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 73,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,815 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 31.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 46,537 ден/кг.

Би можело да ве интересира

Цените на дизелот се зголемуваат ширум светот по новите санкции кон Русија

Поскапува дизелот

Поскапи горива од полноќ

Нова повисока цена на горивата

А1он

Поскапува дизелот

Повисоки цени на горивата од полноќ