Ново годишно усогласување, пензииите повисоки за 1,8 отсто

Од:

Септемвриските пензии што пензионерите ќе ги добијат во октомври ќе бидат повисоки за 1,8 отсто согласно усогласување на пензиите за 2018 година за 1,8 отсто кое се прави согласно порастот на платите и трошоците на живот, соопшти Министерството за труд и социјална политика. Во износот на оваа исплата, ретроактивно ќе биде вклучено и новото усогласување на пензиите од 1,8 отсто за месеците јули и август.

– Тоа значи дека износот на средствата што пензионерите ќе гo добијат во октомври како септемвриска пензија ќе биде повисок во споредба со износите на исплатените пензии за месеците јули и август. Со октомвриската пензија, пензионерите редовно ќе си добиваат усогласен износ на пензија со вклучени 1,8 отсто, но без дополнителни разлики од претходниот период, велат од МТСП.

Просечната пензија за месец септември во Република Македонија со вклучено усогласување од 1,8 отсто изнесува 14.500 денари, а во септември 2016 година изнесувала 13.106 денари.

Ова е второ усогласување на пензиите годинава. Првото усогласување на пензиите беше направено на почетокот на 2018 година и изнесуваше 1,69 отсто.

Би можело да ве интересира

Пензионерите од денеска со повисоки пензии за 2500 денари

Мицкоски: Од утре почнува исплатата на зголемените пензии

Собранието ги усвои законските измени за линеарно зголемување на пензиите

ВМРО-ДПМНЕ: Сите пратенички групи да го поддржат Предлог законот за зголемување на пензиите

Горан Наумовски

АНАЛИЗА: Бројот на пензионери ќе се зголемува, притисокот врз ПИОМ ќе расте

Предраг Петровиќ

АНАЛИЗА: Пензискиот фонд не може да “живее“ без буџетски трансфери

Предраг Петровиќ