Новите даноци на возила дел од еколошките мерки, нема големи промени во стапките

Од:

Зголемувањето на данокот на моторни возила, што законски ќе се регулира и веќе е во собраниска процедура е во насока на мерките, што се преземаат за заштита на животната средина, порача премиерот Зоран Заев денеска одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата во Владата на која беше промовиран проектот за проектирање и поставување на фотоволтаични системи.

-Со новиот закон дефинитивно се водиме од еколошките параметри и тоа мораме и требаме да го направиме, бидејќи поминуваме на едно повисоко ниво и во делот на еколошката заштита во увозот и купопродажбата на моторни возила. Ако досега стапките биле 18 отсто, отсега ќе бидат 20 отсто во делот на даноците, нагласи Заев.

Истакна дека нема големо покачување, но има демотивација за купување на стари возила, кои функционираат согласно лошите еколошки стандарди.

-Верувам дека за енергетските, хибридните возила ќе одиме на најниското можно ниво, стимулативно, но ако ме прашате колку ќе бидат стапките за електрични возила, ЕУРО6, ЕУРО4, не би можел сега во моментов да ви кажам премногу стручни детали, истакна премиерот.

Воведување данок на возила и зголемување на надоместоците кои се плаќаат при увоз на стари возила, се дел од мерките кои се предвидуваат за намалување на емисијата на гасови кои го предизвикуваат ефектот на стаклена градина во земјава, предвидени со новиот закон за животна средина.

Новите мерки имат цел постепено заменување на возниот парк, имајќи предвид дека транспортот, заедно со енергетиката, отпадот и градежништвото е еден од најголемите загадувачи во земјава.

Ана Петровска државен секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање на неодамнешната дебата посветена на заштита на животната средина истакна дека одлучиле да направат одредени непопуларни мерки, кои ќе влијаат на обновување на возниот парк особено во делот на зголемување на надоместоците кои се плаќаат при увоз на стари возила.

Оваа мерка, како што посочи Петровска на панел на конференцијата во Скопје „Климатска акција: Да се спречува и да се лекува“ нема сериозно да ги загрози социјалните услови на населението, но ќе даде еден сигнал дека навистина увозот на стари возила придонесува негативно на загадување на воздухот и климатските промени.

Појасни дека закон за данок на возила го заменува Законот за акцизи, според кој акцизата се плаќаше според вредноста на возилата, а сега во формулата е вклучен и факторот на ЦО 2 емисиите. Тоа значи дека со овие мерки ќе се влијае на постапно заменување на возниот парк. Приходите од овие зголемени такси ќе одат во насока на зголемување на инвестициите за намалување на климатските промени.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерие е кога партијата на Заев кој зборуваше за еден народ во две држави и Пендаровски кој праќаше поздрави на “љубави”, да глуми загриженост

СДСМ: Докажете или престанете да лажете за Филипче

Предраг Петровиќ

Заев и Ципрас загрижени за порастот на националистичкиот популизам, ќе работат на зачувување на Преспанскиот договор

A1on

Битиќи за владината набавка на 45 нови возила: Подобро е на лизинг, трошоците се помали

A1on

ЕСМ ќе плати 2,3 милиони евра за нови автомобили: Мора да имаат екран на допир и камера за паркирање

A1on

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески