Со одлуки објавени во „Службен весник“ потпишани од гувернерката Анита Ангеловска Бежовска, банкнотите од 10 и 500 денари ќе го добијат новото име на Народната банка. Во одлуката пишува: „Народна банка на Република Македонија“, се заменува со зборовите „Народна банка на Република Северна Македонија“.
Како што е веќе објавено, десетици институции ќе добијат нови имиња, табли, логоа, веб-страници и документи по промената на државното име. На градовите Македонски Брод и Македонска Каменица нема да им се менува името, а нема да има промени ниту во химната.
Што се однесува до Македонската академија за наука и уметности (МАНУ), се водат разговори со академиците и кога ќе имаат информации ќе бидат соопштени.
Васко Маглешов