Нови средства за земјоделците кои подигнале овошни и лозови насади или го обновиле генетскиот потенцијал на стадата

Од:

Сите земјоделски стопанства кои се регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства, до крајот на овој месец ќе може да аплицират за добивање средства од Програмата за финансиска поддршка и руралниот развој односно преку „Мерката 121, Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства“.

За овие средства, информираат од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, ќе може да аплицираат сите земјоделци кои од 1-ви септември до 31- ви декември 2018 година ги зголемиле стадата, формирале ново стадо, подигнале нов овошен или лозов насад, или пак засадиле повеќегодишни ароматични растенија како (фацелија, еводија и багрем) на нови површини, ќе може да аплицираат за добивање на финанскиска поддршка.

– За „Мерка 121“, финансиската поддршка се исплаќа по принцип на ко-финансирање на финализирани инвестиции од страна на корисникот во висина од 50 до 75 отсо, од вредноста на одобрените прифатливи трошоци за инвестиции. За подигнување на нови повеќегодишни лозови и овошни насади, повеќегодишни насади со ароматични растенија и медоносна флора (фацелија, еводија и багрем) на нови површини прифатливите трошоци се до 2.500.000 денари. За оние кои ќе конкурираат за поврат на средства за набвака на добиток од увоз или со потекло од признати организации согласно Законот за сточарство, прифатливиот трошок по корисник е до 6.500.000 денари, стои во денешното соопштение од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурлниот развој.

Барањата се поднесуваат електронски, на e-baranje.ipardpa.gov.mk, а крајниот рок за пријавување е 28-ми февруари 2019- та година. Сите барања кои нема да бидат електронски поднесени нема да се разгледуваат, се посочува во соопштението, а нема да се земаат  предвид и сите брања кои што ќе пристигнат по оваа дата. Доколку има барања со ист број бодови, се подвлекува, ќе се рангираат според датумот и времето на поднесување на електронското барање.“-

– Оние баратели кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка. Еден барател може да поднесе само едно барање, за една мерка, или најмногу две барања за користење на поддршка по различни мерки, земајќи ги предвид и останатите мерки од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година. Со овие новини, на сите земјоделци им се дава можност за обновување на генетескиот потенцијал на стадото, и зголемено количество на квалитетно млеко. Ќе се модернизират нивните земјоделски стопанства, фармите стануваат попродуктивни, со што Македонија преку унапредување на земјоделството ќе се доближи до европските стандарди,с е појаснува во соопштението.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници