Нови сорти ориз за поголем пласман и приход во соработка со ТИКА

Од:

Во Македонија ќе се развива производствен систем на квалитетни сорти ориз за зголемен приход на производителите на ориз и за подобар пласман на тој земјоделски производ, преку размена на искуства со Турската агенција за соработка и координација за развој на производството и квалитетот на оризот (ТИКА).

Ќе се спроведува проект за развој на производството и квалитетот на оризот, чија основа е протоколот за соработка што денеска во Скопје го потпишаа македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски и претседателот на Секторот за Балкан и Источна Европа на ТИКА, Али Маскан.

Министерот Димовски по средбата информира дека во рамки на проектот е предвидена техничка помош за подобрување на квалитетот и продуктивноста на оризот, како и поддршка на оризопроизводителите и научниот  кадар во Македонија, преку користење нови сорти ориз.

– Се планира да се набават нови семенски сорти и генотипови ориз за истражувачки цели од Турција погодни за агро-еколошките услови во Македонија, рече Димовски, изразувајќи благодарност до ТИКА за големата поддршка што ја дава на земјоделскиот сектор во Македонија.

За следење и реализација на двегодишниот протокол ќе се формира управен комитет со претставници од Турција и од Македонија. Комитетот ќе заседава најмалку двапати годишно, а со него ќе претседава македонскиот министер за земјоделство.

Според Маскан, проектот е продолжение на соработката со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Претходно, посочи, се реализираше проект за  развој на пчеларството, што успеа да влезе меѓу првите десет од страна на  УНДП. – Ќе продолжиме со истиот успех и во иднина. Има многу работи кои треба да ги научиме меѓусебно. Ќе продолжиме со реализација на различни  проекти од различни области со цел да разменуваме искуства, наведе Маскан.

ТИКА има 14 претставништва на Балканот и во Централна Европа, преку кои реализира различни проекти, со цел размена знаења и искуства и соработка во областа на сточарството, пчеларството, органското земјоделство, шумарството.

Би можело да ве интересира

Лефков: Владата го зголеми Буџетот за земјоделство, фокус модернизацијата и наводнувањето

СДСМ: ДПМНЕ ги заглави субвенциите а се фали со мерките на СДСМ за јачменот, пченицата, грозјето

Земјоделците од штипските села се жалат дека немаат вода за наводнување на културите

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

A1on

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници