Нови цени на горивата

Од:

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,27% во однос на одлуката од 22.6.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување и тоа во просек: кај бензините за 0,243%, кај дизелот за 2,183%, кај екстра лесното масло за 1,907% и кај мазутот намалувањето е за 4,388%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 1,5132%.

Од 30.6.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 84,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 86,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 80,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 79,50 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 41,495 (денари/килограм)

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 0,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 0,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менува.

Би можело да ве интересира

Се намалува цената на горивата

А1он

ВИДЕО: Трамп се закани со ограничување на извозот на дизел од САД, бара Европа да ослободи резерви

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

А1он

Поскапува дизелот за 5,5 денари по литар

Предраг Петровиќ

Евтината енергија е единствениот спас: АфД и Путин договараат средба

(ВИДЕО) Историски високи цени на дизелот во Европа: најлошото допрва доаѓа