Нови цени на дизелот и бензинот од полноќ

Од:

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија извести дека донела Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 5,11 % во однос на одлуката од 7.12.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 8,708%, кај дизелот за 8,110%, кај екстра лесното масло за 8,044% и кај мазутот намалувањето е за 5,226%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,588%.

Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V)се намалува за 5,00 ден/лит.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 3,50 ден/лит, додека малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 4,00 ден/лит.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалува за 4,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 2,115 ден/кг и сега ќе изнесува 40,056 ден/кг.

– Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 10.12.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени, велат од РКЕ.

Би можело да ве интересира

Дизелот поевтинува, бензините поскапуваат

Горан Наумовски

Поевтинува дизелот, цените на бензините не се менуваат

Скок на цените на горивата

Катерина Ѓуровски

Нови цени на горивата

Поскапуваат горивата од полноќ

Орце Костов

Нови цени на горивата