Нови авиолинии од Скопје до Берлин, Копенхаген и Братислава

Од:

ТАВ Македонија и компанијата „Визер“ денеска ќе ги промовираат трите нови авиолинии од Скопје до Берлин, Копенхаген и Братислава.

Авионите на Визер до овие три европски градови ќе сообраќаат два пати во неделата.

Авиокомпанијата опслужува нискобуџетни линии до 24 дестинации од скопскиот и од охридскиот аеродром што е поврзување со 11 држави.

„Визер“ го реализираше првиот лет од Скопје во јуни 2011 година, а во октомври 2012 воспостави база во Скопје, а сега функционира со три воздухоплови и 84 вработени со седиште во главниот град. Од јуни лани почна со летови и од охридскиот аеродром.

Би можело да ве интересира

Летовите околу Вашингтон одложени поради безбедносните мерки на инаугурацијата

Над 1.300 откажани и 414 одложени летови во САД

Аеродромот во Дамаск повторно отворен за меѓународни летови

Израелците ги прекинаа летовите за Москва

Таен прекин на летовите во дел од Русија

Тревога во пет авиони на „Делта ерлајнс“: „Никој нема да преживее“

Горан Наумовски