Нови 700 работни места во ТИРЗ од почетокот на годинава

Од:

Продолжува растот на бројот на работни места и извозот во ТИРЗ. Заклучно со мај 2023, бројот на работни места достигна речиси 16 900. Тоа е за 15 отсто повеќе од мај 2022, односно за 21 отсто и 25 отсто повеќе споредено со мај во 2021, односно 2020 година, покажува редовната месечна анализа на Дирекцијата.

Оттаму информираат дека само од почетокот на годинава во компаниите во ТИРЗ се вработени речиси 700 наши сограѓани.

– Продолжува и растот на извозот, кој заклучно со мај достигна 1.601 милијарди евра. Тоа е за 13 отсто повисок споредено со првите пет месеци во 2022 година, односно за 22 отсто повеќе во однос на истиот период во 2021. Само во мај компаниите во ТИРЗ реализирале извоз од 373 милиони евра што е највисоко ниво од почетокот на годинава и највисоко ниво на извоз споредено со мај во изминативе четири години, стои во соопштението.

И увозот во првите пет месеци од годинава достигна над 1.300 милијарда евра што е, како што се наведува, за 2 отсто повеќе од истиот период лани, а на исто рамниште со 2021.

-Само во мај годинава компаниите во ТИРЗ оствариле увоз од 285 милиони евра што речиси на исто рамниште со мај 2022 година и за 14 отсто повеќе споредено со мај 2021 година. Поради ваквите економски движења продолжува и позитивниот тренд на раст кај нето извозот, кој заклучно со мај е 31,5 отсто, стои во соопштението.

Според Дирекција за ТИРЗ, се очекува трендот на раст да продолжи со оглед на тоа што во ТИРЗ во последниве две и пол години се постигнати договори во вкупен обем од над 850 милиони евра и тие треба да донесат над 8000 нови работни места.

Би можело да ве интересира

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

Орце Костов

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред

ТИРЗ: Скопје се искачи на првото место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање

Деспотовски: Ниту има врска со изборите и техничката влада, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“

Горан Наумовски