Нови 10 милиони евра од ЕУ за малите бизниси

Од:

Европската унија продолжува да ги поддржува македонските мали и средни претпријатија. Проектираните 2,2 милиони евра потрошени преку проектите во изминатите две години, како што беше оценето на денешната завршна конференција, им помогнаа на фирмите да ги зголемат производството и извозот, како и конкурентноста на домашниот и регионалниот пазар.

Нагласувајќи дека целта е поттикнување на економскиот раст и премин кон пазарна економија, евроамбасадорот Аиво Орав најави нови 10 милиони евра за малите бизниси.

– Повеќето фирми со поддршка на европските експерти успешно ги остварија поставените цели, зголемување на бројот работни места и поголема конкурентност, рече Орав во обраќањето.

Според министерот за економија Ваљон Сарачини, проектите за деловно-советодавни услуги и за раст на претпријатијата им обезбедија директна асистенција на фирмите за подобрување на нивните бизнис перформанси, но и развивање нови деловни вештини на менаџерско ниво што е многу значајно да се биде конкурентен во услови на пазарна економија.

– Истражување на пазарот, развој на пазарна стратегија, брендирање, барање стратешки партнери, истражување извозни можности и привлекување инвеститори беа само дел од инструкциите што ги совладаа домашните фирми во рамки на ЕУ-проектите.

Би можело да ве интересира

ЕУ усвои нов пакет-санкции против Русија

Калас: Одржувањето претседателски избори за време на војна не е опција за Украина

Koшта: ЕУ мора да биде вклучена во преговорите со Русија за завршување на војната во Украина

Ројтерс: ЕУ ќе му каже на Израел дека го поддржува враќањето на Палестинците во Појасот Газа

Трамп ги вклучи сите аларми во Европа: Макрон повика на итен состанок на лидерите на ЕУ во Париз

ЕУ: Попуштањето на Русија и пред преговори не е добра тактика