Новата европска земјоделска политика стапува на сила

Од:

Новата реформирана заедничка земјоделска политика денеска стапува на сила со објавата во службениот весник на ЕУ.

Договорот е постигнат во јуни помеѓу Парламентот и Советот на ЕУ врз база на предлогот на Европската комисија.

Во новиот предлог за земјоделската политика на ЕУ се вклучени “поамбициозни цели за животната средина и климата“, вели Европската комисија и “порамномерна распределба на помошта, посебно малите и средните фарми“.

Земјите членки имаат до 31 декември да ги поднесат своите стратешки планови до Европската Комисија која потоа ќе ги евалуира и треба да ги одобри во рок од шест месеци. Националните планови треба да бидат готови и проценети до први јануари 2023 кога треба да почнат да се применуваат.

Би можело да ве интересира

Закани без ефект: Фицо ја заобиколува половина Европа за да стигне до Путин

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

ЕУ ја зголемува финансиската поддршка за палестинската управа

Шмихал: ЕУ и предаде на Украина една милијарда евра замрзнат руски имот