ВИДЕО: Нова мерка на Владата за преквалификација на невработените според потребите на компаниите

Од:

Нова мерка „Шанса за сите“ која опфаќа преквалификација на невработените лица во согласност со потребите на стопанството предложија денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Мерката, која треба да биде дел од Оперативниот план за вработување за 2019 година на Владата, беше образложена на информативната сесија на која присуствуваа и првите луѓе на стопанските комори, бизнис асоцијациите и други организации.

Вицепремиерот Кочо Анѓушев појасни дека идејата е да се надмине еден од најголемите проблеми што ги имаат стопанствениците со недостатокот на кадар, а од друга страна да им се помогне на невработени лица со тоа што ќе им биде понудена шестмесечна преквалификација која ќе биде поддржана од државата.

Анѓушев кажа дека потребно е да се прилагоди образованието на потребите на стопанството и посочи дека во одредени општини во Македонија има диспропорција на образованието на невработените со потребите на компаниите. Како пример посочи дека во една од општините има 12 невработени дипломирани географија или историја, а едно училиште каде е потребен само еден наставник. Јасно, е вели тој, дека другите 11 лица нема да се вработат во догледен период и дека треба да им помогнеме да се преквалификуваат и својата среќа да ја најдат во Република Македонија.

Предлогот е ниво на општини да се направат анализи за образованието на невработените, а компаниите да номинираат работни места.

– Да видиме кој е заинтересиран за тоа работно место. Да видиме колкав е интересот за таа работа за да предвидиме соодветни средства во Буџетот за 2019 година во Оперативната програма на МТСП, за да го поддржиме преквалификувањето на тој кадар, рече Анѓушев.

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска идејата е преку дијалог со бизнис заедницата да се креираат соодветни мерки со кои ќе се избалансира понудата и побарувачката на пазарот на трудот.

– Во 2019 година да дадеме шанса за сите оние кои имаат образование, а се без работа, да ги прилагодиме на фактичката состојба и да ги активираме на пазарот на трудот. Дебатата е што понатаму, а за тоа можете да ни кажете најдобро вие, рече Царовска.

Оперативниот план за вработување, според неа, дал одлични резултати, а годинава буџетот за вработување е речиси двојно поголем од 2016 година.

Луиза Винтон, постојана преставничка на Програмата за развој на Обединетоте нации (УНДП), потенцираше дека УНДП, преку своите проекти со националните партнери, се фокусира како најбрзо и најефикасно да се пополни недостатокот од квалификувана работна сила.

Претставниците на стопанските комори и бизнисмените го поздравија предлогот на Владата потенцирајќи дека можеби не треба да се чека до 2019 година туку дека со преквалификација на кадарот треба да се започне веднаш.

Бранко Азески од Стопанската комора на Македонија смета дека вели дека ако до пред една година најголем проблем на бизнисмените била наплатата од јавните претпријатија, сега тие најмногу се жалат на недостаток на кадар. Проблемот со невработеноста и недостатокот на кадар, според него, мора да се решава со комбинирани мерки. Предложи концептот на оваа мерка да биде на краток и на долг рок.

И претставникот на Стопанската комора на Северозападна Македонија Неби Хоџа кажа дека ова е соодветна мерка особено сега кога многу стопанствениците се жалат на недостаток на работна сила. Некои од бизнисмените размислувале и за увезување на работници од странски пазари, а најболна точка, според него, е градежништвото. Од друга страна, вели тој, многу работници ја напуштаат државата.

Вицепремиерот посочи дека е потребно подигнување на стандардот на граѓаните што би значело, меѓудругото, и повисоки плати. Сепак, според него, единствен начин е државата да се индустријализира и да се инвестира во технологија и знаење.

Би можело да ве интересира

Азизи: Владата вонредно заседаваше, донесена одлука да се позајмат на градот Скопје дел од нафтените резерви на државата

Град Скопје: Ја поздравуваме одлуката на Владата

Нафта од државните резерви за Градот Скопје за решавање на проблемот со автобусите

Вонредна седница на Владата за проблемот со јавниот превоз во Скопје

Левица: Трошокот за унгарски кредит Владата го префрла врз грбот на гараѓаните

Катерина Ѓуровски

Меџити: Нема логика за предвремени избори кога има стабилна влада