Нова иницијатива на ТИРЗ за подинамична поддршка за компании кои имаат подобри ефекти од инвестициите

Од:

Дирекцијата за ТИРЗ заедно со бизнис заедницата ќе работи на нова методологија за државна поддршка на инвестиции со цел унапредување на деловната клима во земјава и поттикнување на нови инвестиции со повисок квалитет. Со денешната панел дискусија, која се реализира во партнерство со Советот за странски инвеститори започнува процесот за изработка на новата Методологија за планирање, доделување и следење на ефикасноста и ефективноста при доделување на државната помош од ТИРЗ врз база на претходно утврдени критериуми.

Директорот на ТИРЗ, Јован Деспотовски посочи дека целта е да се стигне до поголеми ефекти од поддршката на државата за инвеститорите.

„Со новата методологија се фокусираме на реалните ефекти од инвестициите, а согласно тоа дефинирање на соодветна поддршка од државата. Ова е суштината на „паметниот“ пристап во поттикнување на инвестиции со повисок квалитет кои носат поголеми плати и повеќе пари во буџетот. Не одиме со стратегии и промени на закони туку со изработка на практични алатки кои носат конкретни резултати. Воведуваме принцип на подинамична поддршка од државата за сите компании кои имаат подобри ефекти од реализацијата на инвестициите,“ изјави Деспотовски.

Со Методологијата треба натамошно да се зајакне предвидливоста и ефикасноста на системот за државна поддршка на инвестиции, со целосен фокус на квалитет и интерес за државата и граѓаните, посочи Деспотовски и најави дека ТИРЗ продолжува со практиката на директна соработка и вклучување на деловната заедница во сите овие процеси.

„Една од целите на новата методологија ќе биде зголемување на приходите во буџетот од инвеститорите од постојните 40 милиони евра на над 100 милиони евра во наредните две до три годни. Исто така и засилување на трендот на раст на платите со цел бруто износот да надмине 1000 евра за истиот период“, рече Деспотовски.

Виктор Мизо, Претседател, Асоцијација на странски компании со технолошко напредно производство ги поздрави ваквите иницијативи за директна соработка на бизнис заедницата со институциите која придонесува кон поефикасна деловна клима.

„Овие правила кои се однесуваат на идните инвестиции ќе ни помогнат и нам за идните планови за проширување. Многу е важно да се поттикне регионален пристап на државна помош, односно индустријата да не е концентрирана во главниот град, туку со посебни механизми да се поттикнат инвестиции и во другите краеви од земјата со што ќе младите ќе имаат можност да работат и да останат онаму од каде што потекнуваат“, предложи Мизо.

На панелот присуствуваа над 30 компании активни во зоните и надвор од нив. Тие ја поздравуваат инцијативата за отворени разговори, а сите конкретни предлози од оваа дебата ќе бидат анализирани и вклучени во новата Методологија која ќе ја изработи меѓународната ревизорска куќа ПрајсвотерхаусКуперс, избрана во отворена тендерска постапка. Новата методологија треба да се изработи за три месеци.

Преку ваков отворен дијалог инициран од ТИРЗ претходно беше успешно заокружениот процес на измена на Упатството за оправдани инвестициски трошоци на ТИРЗ, кое за првпат е изработено од меѓународна ревизорска куќа и во соработка со Советот на странски инвеститори и компаниите.

Би можело да ве интересира

Рекција на ТИРЗ по наводите на ВМРО-ДПМНЕ: Не е исплатен ниту денар за проектот е.Го

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Пропадна стратешката инвестиција на ДУИ и СДС со фабриката за електрични автомобили

Владата нема да и додели помош на „Некст е.ГО“ која требаше да прави електрични возила, била несолвентна

Орце Костов

Пендаровски: Политичките лидери креираат рамка, но младите, успешни луѓе ја движат државата напред

ТИРЗ: Скопје се искачи на првото место како најрентабилен европски град со средна големина за инвестирање

Деспотовски: Ниту има врска со изборите и техничката влада, ниту е нешто спорно во договорот со „Стентон градба“

Горан Наумовски