Нова брза пруга на коридор 10: Министерот Николоски на средба со грчкиот министер за инфраструктура Стакурас

Од:

Имаме амбициозна агенда за развој на патната и железничката инфраструктура и преку тие проекти планираме да ја зголемиме конкурентската позиција на коридор 10 и да го вратиме значењето на регионот каде што заслужува во европскиот транспорт на добра и патници, истакна заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски на билатералнaта средба со Христос Стакурас, министер за инфраструктура и транспорт на Грција.

Министерот Николоски потенцираше дека Владата е силно посветена на проектот за изградба на нова брза пруга на коридор 10 со која ќе се забрза транспорот на добра и услуги од пристаништата од Грција кон Централна Европа и обратно.

Овој проект кој има регионално значење е од огромен интерес за сите земји и оттаму се јавува потребата заеднички да се пристапи кон негова реализација се со цел бенефитот од брза пруга да го имаат сите земји и економиите во нив, потенцираше министерот Николоски.

Во таа насока министерот Николоски го отвори и прашањето за железничкото поврзување кај Кременица (Битола), заради потребата од побрза регионална конекција во Пелагонискиот регион и алтернативна врска со пристаништата.

Исто така на средбата се отворија и прашањата за подобрување на патната инфраструктура во двете земји како услов за побрз транспорт и побезбеден сообраќај. Во тој контекст министерот ги презeнтираше плановите на владата за реализација на проекти во патната мрежа како и инсталација на интелегентни транспортни системи на Коридор 10.

Министерот Николоски ја отвори и темата за наплатните станици и поминување на македонските и грчки граѓани на патарините со еден заеднички таг, по примерот со Србија. Двајцата министри разговараа и за олеснување на транспортот и трговијата на граничните премини како регионален проект преку кој бенефит би имале двете економии.

Двајцата министри изразија огромно задоволство за оваа прва билатерална средба, со заклучок дека двете земји имаат широко поле на соработка и дека во периодот што следи ќе се интензивира таквата соработка со цел економски развој на регионот преку заеднички проекти.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката