Нова биткоин берза во Стокхолм

Од:

Инвеститорите за првпат ќе може да заработат од биткоини, откако денеска во шведскиот град Стокхолм е отворена првата берза и Насдак стартуваше индекс базиран на оваа виртуелна валута.

Денешниот почеток на продажба на стокхолмската берза на хартии од вредност базирани на биткоини овозможува инвеститорите да шпекулираат со вредноста на биткоинот, а без притоа да мора да ги поседуваат.

Шведските финансиски регулатори одобрија минатиот месец на компанијата ХВТ Провајдер да понуди акции за Биткоин Тракер Уан, сертификат чија вредност се базира на цената на биткоинот на светскиот пазар.

На отворањето на берзата биткоин изутринава вредеше 9,69 шведски круни, односно 1,18 американски долари, врз основа на 0,5 отсто од обемот на биткоини со кои се тргувало на големите онлајн биткоин берзи. Пред затворање биткоинот достигна вредност од 9,73 круни, а купени се над 1,8 милиони акции.

Портпаролот на ХВТ Провајдер Јохан Ватенстром изјави дека компанијата сака инвестирањето во биткоини да го направи екстремно достапно.

Би можело да ве интересира

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Работниците од целиот свет ги побараа своите права за Први мај

Американската економија падна за прв пат по три години, Сенатот одби да ги поништи царините на Трамп

Афтонбладет: Тројца убиени, убиецот избегал со електричен скутер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Има жртви во денешниот инцидент во шведскиот град Упсала

Горан Наумовски

Оружен инцидент во Шведска, неколку лица се повредени

Горан Наумовски